Background

Владата ќе даде мислење за предложениот ребаланс на буџетот

Ребалансот на Буџетот ќе се  разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции.

– Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно за капиталните инвестиции, што мислам дека согласно Законот за буџети ги оправдува состојбите. А и во исто време имаме одредени корекции, на приходната страна во делот на акцизата заради мерките кои ги имавме во изминатиот период – изјави Димитреска Кочоска, на новинарско прашање.

Генерално, појасни министерката за  финансии, има зголемување на капиталните расходи за инфраструктура.

- Advertisement -
Ad image

-Имаме, зголемени капитални расходи во делот на Министерството за животна средина, имаме околу одредени ИПА проекти, имаме зголемување за АА програмата, така што утре во детали ќе информираме точно која институција колку дополнителни средства има за капиталните расходи – рече Димитриеска Кочоска.

Прашана колку чинеа мерките за намалување на ДДВ-то и акцизите што траеја во изминатиот период, министерката рече дека акцизата треба да се коригира за околу 1,5 милијарди денари.

– Многу е тешко да се направат прецизни пресметки затоа што има и индиректни ефекти. Нашите пресметки покажаа дека некаде една и пол милијарда денари треба да ја коригираме акцизата. Но, мора да бидеме внимателни, затоа велам тешко е да се направат проекциите. Не заборавајте, во изминатиот период ја имавме најниската цена на нафтата во регионот. Се сеќавате дека редици автомобили со странски таблици точеа бензин во Македонија, што значи дека и покрај тој позитивен ефект намалуваме 1,5 милијарда. Кога не би било купувањето од странските лица сигурно негативниот ефект би бил поголем, односно тоа е она што Владата го даде како поддршка на граѓаните и стопанството – рече Димитриеска Кочоска, која е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation