Владата и Железници – Транспорт работат на зголемување на линиите меѓу Скопје и Куманово, бидејќи цените на билетите се далеку поевтини, најави денеска од Куманово, вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски.
Николоски рече дека сега билетот за патување со воз од Куманово до Скопје во еден правец е 87 денари, а во двата правца е 140 денари.
– Жителите на Куманово кои патуваат со воз до своите работни места или до факултетите во Скопје месечно ги чини 1.850 денари. Што е далеку поевтино од кој било друг превоз кој што може да се најде. Да не зборувам дека кога се патува со возило или со автобус, не знаете кога ќе стигнете, колку ќе има гужва и така натаму. Така што возот дефинитивно е најбрзо средство за комуникација, најевтино, а и најеколошко, и ќе правиме силна промоција во следниот период да се користи – изјави Николоски кој присуствуваше на примопредавање на нови комунални возила во Куманово.
Тој истакна дека минатата недела стартуваше градскиот воз во Скопје, а веќе ефектите се добри. Досега оваа линија ја имаат користено 1.500 патници и тоа за само три дена.
– Очекувам навистина, во едно брзо време да стигнеме до 100.000 патници кои го користеле градскиот воз. Вториот проект е меѓуградски воз помеѓу Скопје и Куманово. Знаете дека пилот има и во моментов, двапати дневно сообраќа воз на линија Нова железничка станица – станица Куманово. Работиме заедно со Железници – Транспорт на интензивирање и зголемување на фреквенцијата, затоа што цените се далеку, далеку поевтини-вели Николоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
