Background

Владата го задолжи министерството за финансии да обезбеди пари за проектот

Владата ја почна постапката за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, од границата со Грција до границата со Србија, информира вицепремиерот и  министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Владата вчера го задолжи Министерството за финансии, на меѓународниот финансиски пазар, низ  отворена и транспарентна процедура, да изнајде финансии за спроведување на овој проект.

-Должината на пругата треба да се некаде повеќе од 200 километри, истата треба да е двоколосечна, во патничкиот сообраќај треба да има брзина од 160км/ч, а во карго сообраќајот треба да има брзина од најмалку 120км/ч и рокот за реализација треба да е некаде 5 години. Очекуваме во текот на летните месеци да имаме поконкретни детали околу финансирањето на проектот, и секако да одиме кон фаза на избор на изведувач, кој што би почнал уште од оваа есен да работи на теренот. Ќе работиме во заеднички проект, каде што и проектирањето и изведбата ќе бидат од еден изведувач и најверојатно ќе се оди според FIDIC правилата или според така наречен жолт FIDIC или според така наречен среден FIDIC – рече Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Претходно владата формира Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија.

-Членови на координативното тело покрај мене се: министерот за надворешни работи и надворешна трговија, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Министерот за дигитална трансформација, министерот за здравство, директорот на Македонски железници-Инфраструктура, генералниот секретар на Владата и Државниот правобранител, а телото може да кани и други гости по потреба, кои што ќе ја следат реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија -рече Николоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation