Background

Владата две години испорачува конкретни резултати, инвестиции и развој за заштита на животната средина, а капиталните проекти ја менуваат инфраструктурата и го подобруваат животот на граѓаните

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ две години испорачува конкретни резултати, инвестиции и развој за заштита на животната средина, а капиталните проекти ја менуваат инфраструктурата и го подобруваат животот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во новото соопштение.

Обезбедени се средства и започната е реализација на повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата. Тоа е доказ дека развојот не е само ветување, туку процес што секојдневно се реализира на терен. Низ целата држава се градат нови водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Секоја реализирана инвестиција значи подобра инфраструктура, почиста животна средина и поквалитетни услови за живот – велат од партијата.

Оттаму ги наведуваат дел од проектите чија реализација е почната.„Со инвестиција од 376 милиони денари започна регулацијата на коритото на Сува Река, со што конечно се решава долгогодишен проблем што со децении ги засега жителите на овој регион. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани. Се заврши уредувањето на коритото на Мала Рада, се реализира изградбата на нов водоснабдителен систем во Лениште, во вредност од над 21 милиони денари.
Во завршна фаза е реконструкцијата на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев” и улиците „Кузман Јосифоски” и „Ленинова”, во вредност од над 7 милиони денари со што се намалуваат загубите на вода и се обезбедува поквалитетно водоснабдување. Во Струга започна изградбата на канализациониот систем во село Враништа, инвестиција вредна над 91 милиони денари целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит. Во Чучер Сандево се реализира изградба на современа пречистителна станица, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и уште еден значаен чекор кон почиста и поздрава животна средина“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека Владата останува целосно посветена на инвестиции што носат долгорочни придобивки за граѓаните.

„Целта е јасна, модерна инфраструктура, чиста животна средина, сигурно водоснабдување и подобар квалитет на живот во секоја општина. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со уште посилно темпо, затоа што граѓаните заслужуваат работа, инвестиции и сигурна иднина, а не празни ветувања и изгубени години“ се вели во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation