Вкупното производство и уловот на риба во 2025 година изнесувале 1.992 тони, што во однос на 2024 година е намалување за 19,5 отсто. Како што информира Државниот завод за статистика, намалување бележи и производството од аквакултура, кое во 2025 година изнесувало 1.847 тони што е пад за 21 процент во споредба со 2024 година.
Во 2025 година уловот од внатрешни води изнесува 145 тони и бележи зголемување од 5,1 отсто, а во рамки на аквакултурата се произведени 126.781 килограм подмладок и 15,1 милион парчиња икра. Од видовите риба, како подмладок најмногу се одгледува виножитната пастрмка.
За одгледување риба најмногу се користат рибници, базени и канали и кафези. Од производството во 2025 година, 1.175 тони биле пастрмка, 546 тони крап и 126 тони други видови риби.
Во секторот Рибарство и аквакултура се вработени 278 лица од кои 129 во аквакултурата и 149 лица во рибарството, а со рекреативен риболов се занимавале 8.503 лица, од кои 70 жени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
