Background

Вилијам и Кејт имаа срдечна средба со холивудската ѕвезда на премиерата на „Digger“

Принцот Вилијам и Том Круз повторно се сретнаа, овојпат на светската премиера на „Digger“ во Лондон, а нивната средба привлече внимание и на социјалните мрежи. Додека принцот Вилијам сподели фотографии и моменти од вечерта на својот Фејсбук профил, Круз објави фотографии од премиерата на Инстаграм.

Односот меѓу принцот и холивудската ѕвезда не е само протоколарен. Нивната јавна блискост особено доаѓа до израз во 2022 година, кога Вилијам и Кејт присуствуваа на британската премиера на „Top Gun: Maverick“ во Лестер Сквер. Круз тогаш откри дека со Вилијам имаат многу заедничко – и двајцата ја сакаат Англија и се љубители на летањето.

Пред официјалната премиера на филмот, Круз дури го покани Вилијам на приватна проекција на „Top Gun: Maverick“, откако дозна дека принцот е голем обожавател на оригиналниот филм од 1986 година. На премиерата во 2022 година Круз ѝ помага и на Кејт при качувањето по скалите, момент што тогаш привлече големо внимание.

- Advertisement -
Ad image

Круз има и постари врски со британското кралско семејство. Со принцезата Дијана се сретна во 1992 година на премиерата на филмот „Far and Away“, на која присуствуваше со тогашната сопруга Никол Кидман. Актерот подоцна беше и на погребот на Дијана во 1997 година. Во 2017 година се сретна и со принцот Филип на настан во Бакингемската палата.

На премиерата на „Digger“, Вилијам и Кејт повторно се сретнаа со Круз и со режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту. Кога Вилијам му пријде на актерот во црно кадифено сако, Круз му дофрли: – Одлично сако. Вилијам, пак, потсети на нивната претходна средба со зборовите дека последниот пат Круз бил „со кацига и во костим за летање“.

Круз пред нивното пристигнување зборуваше со голема наклонетост за кралската двојка.

– Јас едноставно ги сакам. Тие се прекрасни луѓе и имам огромна почит кон нив – рече актерот. Подоцна на самиот настан им се заблагодари за поддршката на филмот и за она што го прават за уметноста и културата.

Кејт на премиерата се појави во долг виолетов фустан од „Jenny Packham“, во комбинација со обетки што ѝ припаѓале на принцезата Дијана и накит на кралицата мајка. Круз повторно ѝ ја подаде раката додека се симнуваа по скалите кон салата, а Вилијам и Кејт подоцна се фотографираа и со Дејвид Бекам и неговите синови Круз и Ромео.

 

Премиерата на „Digger“ воедно е 73. „Royal Film Performance“, настан организиран во соработка со „The Film and TV Charity“. Средствата собрани од вечерта се наменети за поддршка на луѓето што работат во филмската, телевизиската и кинематографската индустрија, вклучително и преку советување, финансиска помош и други програми за благосостојба.

 

Во „Digger“, Круз го игра нафтениот магнат Дигер Роквел, кој се обидува да го спаси човештвото од катастрофа предизвикана од неговата сопствена компанија. Филмот е црна сатирична комедија во режија на Алехандро Гонзалес Ињариту, а во актерската екипа се и Риз Ахмед, Џон Гудман, Сандра Хулер, Мајкл Стулбарг, Џеси Племонс и Ема Дарси.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation