ВИДЕО: Трамп помилува 1600 напаѓачи на Конгресот, го преименува Мексиканскиот залив

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон, пред да биде однесен во Белата куќа каде продолжи да потпишува.

Меѓу другото, тој првично ги повлече САД од Парискиот климатски договор. Соединетите Држави, вториот најголем загадувач во светот по Кина и историски најголем загадувач, го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но Џо Бајден ги врати во неговиот.

Потпиша извршан наредба со која беа помилувани 1600 од лужето осудени за нападот на Капитол при промената на власата кога Бајден го победи Трамп. Паралелно со ова, тој нареди да бидат и прекинати истрагите за ова дело.

Трамп најпрво потпиша извршна наредба со која поништи 78 извршни наредби од неговиот претходник Џо Бајден, вклучително и отстранување на Куба од листата на држави спонзори на тероризмот, објавија американските медиуми.

Потоа, заедно со повлекувањето на САД од климатскиот договор, тој исто така го забрани издавањето на нови федерални регулативи додека тој и неговата влада не ја преземат целосната контрола врз него, привремено го забрани вработувањето на федералната влада, освен во областа на војската и националната безбедност, и ја укина работата од дома за федералните службеници.

Во салата, тој, исто така, им нареди на сите федерални агенции да се справат со кризата со зголемените трошоци за живот, потпиша наредба за враќање на слободата на говорот и забрана на цензура, објави телевизијата ABC.

Трамп ја опиша администрацијата на Бајден како најлоша во историјата пред околу 20.000 поддржувачи во салата и, на ентузијастички аплауз, најави серија други извршни наредби што ќе ги потпише во Белата куќа.

Трамп вчера потпиша извршни наредби со кои илегалната имиграција на границата меѓу САД и Мексико е прогласена за вонредна состојба, означувајќи ги криминалните картели како терористички организации.

Трамп ги укина санкциите наметнати од поранешната администрација на Бајден за екстремно десничарски доселенички групи и поединци од Израел за наводно извршување насилство врз Палестинците на окупираниот Западен Брег.

- Advertisement -
Ad image

Новиот американски претседател вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат напорите на поранешниот претседател Џо Бајден да го блокира дупчењето нафта на Арктикот и долж големите области на американскиот брег.

Извршните наредби што ги потпиша и ќе ги издаде за време на претседателската кампања не се сите популарни. Според анкетата на АП, на пример, само 20 отсто од Американците го поддржуваат повлекувањето од Парискиот климатски договор, вклучително и помалку од 50 отсто од републиканците на Трамп.

Share This Article