Русија рано утринава изврши напад со дрон врз украинскиот главен град Киев, при што беа повредени најмалку три лица и оштетени згради во два окрузи, соопштија градските власти. Експлозиите одекнаа на утринското небо веднаш откако украинските воздухопловни сили предупредија дека беспилотните летала се приближуваат кон градот.
Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека противвоздушната одбрана го одбила непријателскиот напад и дека во нападот делумно се уништени два ката од станбената зграда.
Урнатините оштетија и нестанбен простор во друга населба, рече тој. Русија спроведува редовни воздушни напади врз украинските градови далеку зад линијата на фронтот за време на нејзината речиси тригодишна инвазија.