Руски балистички проектили усмртија најмалку шест лица во Киев, а уште 23 се повредени, соопшти рано утрово градоначалникот Виталиј Кличко, пренесува „Ројтерс“.
Пожар избувнал откако руските сили ги погодиле горните катови на деветкатница, изјави Кличко. Тој додаде дека на друга локација луѓе останале заробени откако биле погодени станбени и нестамбени објекти, магацини и детска болница.
Сведок на „Ројтерс“ изјавил дека слушнал повеќе од десет експлозии.
По нападот со балистички ракети, Полска активирала превентивни операции на воената авијација за заштита на својот воздушен простор од руските напади, соопшти полската војска на платформата „Икс“.
Русија и Украина секојдневно разменуваат напади откако Москва ја започна инвазијата во февруари 2022 година. Досегашните дипломатски напори, во кои учествуваат САД и Европа, не успеаја да доведат до траен прекин на огнот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец изјави дека Украина им ги предала на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер своите предлози за план за завршување на војната.
Во меѓувреме, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за „Известија“ изјави дека Москва не добила конкретни предлози за можни нови средби со американските преговарачи, но дека е подготвена за состанок во краток рок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
