Background

ВЕШТАКОТ НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ВО „ПУЛС“ НЕМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА, ТУКУ ЗАНАЕТЧИСКИ ЗАФАТ

Вештакот Петре Русески, на денешното рочиште за „Пулс“ рече дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Обвинителството, пак, укажа на градење без проект, оти со интеревенциите дискотеката добила 88 м2 дополнителен внатрешен простор без да биде изработен проект за статистика.

Според Русески, изведбата на надворешните железни скали за влез во дискотеката претставува браварско-занаетчиски зафат кој функционира како независен елемент.

– За овие занаетчиски работи не е потребна инспекција ниту посебно одобрение согласно Законот за градење, со оглед на тоа што нема интервенција на градежната конструкција на објектот – истакна вештакот Русески.

- Advertisement -
Ad image

Тој појасни дека при почетната изградба биле испочитувани сите законски норми, бил извршен технички прием и била издадена дозвола од Министерството за транспорт и врски. Во 2012 година, при промената на дејноста, објектот ја задржал деловната намена и конструктивните карактеристики, а за исполнување на минимално-техничките услови биле изработени елаборати за заштита од пожари, заштита и здравје при работа и сообраќајно решение.

– Апсолутно на почетокот на градбата на објектот испочитувани се сите законски норми потребни за да се добие одобрение за градба согласно законот за инвестициски објекти и согласно кој е извршен технички прием и издадена дозвола од Министерството за транспорт и врски дека обејктот може да се користи како деловен. Во 2012 година се променила дејноста при што објектот останува со својата деловна намена и останува со своите констуктивни карактеристики и нема никаква промена ниту на градбата и инсталациите и се работи за внатрешно ентериерно уредување. За потребите за исполнување на минимално – технички услови потребно е да се изработат елаборати за безбедност и заштита од пожари, сообраќајно решение, а кои елаборати се дел од основниот проект. Што значи дека немаме реконструкција, не се потребни да се изработуваат на веќе постоечки објект. Тоа што било потребно во тој момент е изработено – изјави вештакот.

Од друга страна, Обвинителството потенцираше дека проектната документација ги немала поминато сите потребни фази, ревизии и одобренија за да се смета за законита, посочувајќи дека влезот кој првично служел за дотур на стока подоцна бил пренаменет за влез на посетители.

– Објектот и првично на истото место има влез и лево од влезот има објект. Влезот на фотографиите и пред и после 2011 година е на исто место. Објектот во основниот проект има три влеза. Еден е во подрумот, еден е на приземје, кон запад и служел за дотур на индустриска стока и третиот е кон исток. Последните два се на приземјето. Во 2011 изработени се скали од железна конструкција и тоа е влезот – изјави вештакот.

Во однос на потребните документи кои Јованов ги поседува за вршење угостителска дејност, вештакот рече дека за исполнување на минимално – техничките услови на објектот документација има изготвено фирмата „Венци проект“ од 2012 година и има обезбедно записник од Министерство, Трудова инспекција и СВР Штип, а тука се и елаборат за заштита од пожари и сообраќајно решение.

– За промена на дејност на објектот, самиот деловен објект треба да исполни одредени услови. Од доставената документација изработени се и доставени елаборат за заштита од пожари и елаботат за заштита и здравје при работа и поднесени до Пазарен инспекторат. А сообраќаен елаборат е доставен до МВР. Во записникот стои дека ги исполнува сите услови – изјави вештакот.

Обвинителството на вештакот му укажа на фотографии од пред и по пренамена на објектот во дискотека, потенцирајќи дека со галериите вкупниот внатрешен корисен простор е зголемен за 88 м2, а за нив не постоел проект за статика, на што вештакот рече „не постои, зошто немало потреба“.

​На почетокот на вкрстеното испрашување на вештакот Петре Русески, на минатото рочиште Обвинителството ги проблематизираше неговата стручност и кредибилитет, отворајќи прашања за неговото образование, познавањето на Законот за градење. На тоа реагираше одбраната со приговори барајќи да се поставуваат суштински прашања за побивање на наодот, при што најави дека доколку вештите наоди на Обвинителството и на одбраната не се совпаднат, ќе побара изработка на супервештачење за конкретната област.

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖