Велика Британија најави инвестиција од 14,2 милијарди фунти (околу 16,8 милијарди евра) во изградбата на нуклеарната централа „Сајзвел Си“ во градот Сафолк, што е клучен дел од четиригодишниот инвестициски план во енергетиката.
Централа треба да произведува електрична енергија за околу 6 милиони домаќинства и да обезбеди околу 10.000 работни места за време на фазата на изградба.
Електраната „Сајзвел Си“ ќе биде финансирана преку таканаречениот модел на регулирана база на средства (RAB), кој им овозможува на инвеститорите да добиваат плаќања за време на изградбата.
„Сајзвел Си“ првично беше развиен од француската EDF, но сега е во мнозинска сопственост на британската влада, која имаше 83,8% удел на крајот на декември, додека EDF имаше 16,2%.
Владата не ја објави конечната цена на проектот ниту точниот датум на неговото завршување.