Background

Вашингтон воведе санкции за новата управа на Ормуз

САД и Иран влегоа во нова воена ескалација во време на дипломатски напори за решавање на конфликтот на Блискиот Исток. Ова е втор пат за три дена САД да напаѓаат цели во Иран, пишува Би-Би-Си.

Неименуван американски функционер за „Ројтерс“ изјавил дека во операцијата САД погодиле цели во градот Бандар Абас во Јужен Иран кои биле закана за американските сили и за комерцијалните бродови во регионот.

Според истиот извор, американската војска пресретнала и соборила неколку ирански беспилотни летала.

- Advertisement -
Ad image

Бандар Абас е една од најважните ирански поморски база веднаш до Ормускиот Теснец.

Набргу следувал одговор од Техеран. Иранските вооружени сили соопштиле дека нападнале американска воздухопловна база како одмазда.

Странските агенции јавуваат дека е нападната американска база во Кувајт.

Eскалација, санкции, притисок

Новата ескалација доаѓа во момент кога Вашингтон објави санкции против новоформираната иранска управа задолжена за контрола на бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Одлуката ја соопшти американското Министерство за финансии. Притисокот расте.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се наведува дека секое лице или компанија што ќе соработува со новата иранска структура може да се соочи со санкции од САД.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјавил дека обидите на иранските воени структури да вршат притисок врз глобалната поморска трговија претставуваат закана за меѓународната економија.

 

 

Техеран на 15 април објавил дека формирал нов државен орган под името „Управа за контрола на Персискиот Залив“, чија задача е надзор и управување со безбедноста во стратегискиот морски премин. Ормускиот Теснец е клучна рута.

Минатата недела новото иранско тело објавило мапа со која Техеран ги потврдува своите претензии врз делови од стратегискиот морски коридор низ кој поминува голем дел од светската трговија со нафта и со гас. Потегот предизвика реакции.

„Никој нема да го контролира Ормуз“

Претседателот на САД Доналд Трамп изјавил дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен за сите држави и дека ниту една земја нема да има контрола врз него. Според него, ова прашање е дел од пошироките разговори со Иран.

– Ќе ја набљудуваме, но никој нема да ја контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водам – изјавил Трамп.

Тој додал дека САД не размислуваат за ублажување на санкциите кон Иран. Вашингтон останува на тврдата линија.

 

 

Меморандумот паѓа во вода?

Иранската државна телевизија претходно соопшти дека Иран добил нацрт на првична, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со САД за прекин на конфликтот меѓу двете земји.

Според предложената рамка, Иран во рок од еден месец ќе ја обнови комерцијалната пловидба низ Ормускиот Теснец на нивото од пред војната, додека САД ќе ги повлечат своите воени сили од регионот околу Иран и ќе ја укинат поморската блокада.

Нов напад во Либан

Во меѓувреме, либанската Национална новинска агенција објави дека најмалку шест лица, меѓу кои и деца, биле убиени во израелски напад со беспилотни летала врз автопатот Адлун во областа Наби Сари во јужен Либан.

Регионот останува под силна тензија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation