Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел учествуваа на сесија посветена на новите политики на американската администрација.
„Од особена важност е да се слушнат пораките од Вашингтон, кои носат една нова, поинаква реторика и која првенствено се залага за постигнување на мировно решение, за која се залагаме и ние како држава и членка на најголемиот политичко-воен сојуз во светот“, напиша на фејсбук министерот Мисајловски.
Сесијата се одржа во рамки на Минхенската безбедносна конференција.
ВМРО-ДПМНЕ објави дека министерот Мисајловски најавил дека Македонија постепено ќе го качува буџетот за одбрана до 5% од БДП.

Tagged as:
Вашингтон и Скопје се за мировно решение
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖