Background

Управата за јавни приходи во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа организираше обука за подготовка за воведување на системот е-Фактура на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија

Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука за подготовка за воведување на системот е-Фактура на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање.

Беше нагласено општините и јавните претпријатија што помасовно да пристапат кон тестирање на системот, со цел навремено да достават сугестии и предлози во насока на поедноставување на процесите и обезбедување на негова поголема ефикасност. За подобра комуникација со тимот на УЈП, беше побарано општините и јавните претпријатија кои досега не доставиле контакт-лице, тоа да го направат што поскоро.

Кај присутните посебно внимание предизвикаа дилемите околу можностите за испраќање масовни фактури од страна на јавните претпријатија кон граѓаните, можностите за интегрирање/поврзување на сегашните системи што ги користат одредени општини и јавните претпријатија со системот е-Фактура, како и можностите за користење на постојните валидни сертифицирани потписи на корисниците.

- Advertisement -
Ad image

Претставниците од тимот на УЈП посочија дека во оваа пилот-фаза тестирањето може да се спроведе преку: директна интеграција на системот е-Фактура со деловните информациски системи на корисникот преку API интерфејс или преку Веб апликација. Во овој момент се тестираат повеќе функционалности на системот е-фактура, како што се креирање, прием, валидација, преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-фактура, се тестираат повеќе типови на документи и даночни индикатори, а во следниот период се планира постепено зголемување на опфатот на тестирањето до целосно вклучување на сите процеси, сите даночни индикатори и сите типови на документи.

На крајот од работилницата беа посочени платформите за цели на тестирањето:
– Потребната документација е достапна на линкот: https://efakturawiki.ujp.gov.mk
– Регистрација и доделување на привилегии за користење на системот е-фактура: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg
– Тест платформа за е-фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk (овластеното лице се најавува и регистрира валиден квалификуван сертификат)
– Контакт мејл за поддршка: Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk (на кој може да се достават сите прашања и предлози кои произлегле од тестирањето)

Оваа обука е од особено значење бидејќи јавните претпријатија претставуваат значаен сегмент од јавниот сектор и се меѓу најголемите издавачи на фактури во државата. Нивната навремена подготовка и активно вклучување во процесот се од клучно значење за успешната имплементација на системот е-Фактура и за обезбедување непречен премин кон целосно електронско фактурирање.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation