Њујоршкиот уметник Џастин Гињак (Justin Gignac) успеа да претвори обично улично ѓубре во необичен колекционерски сувенир, откако собра отпадоци од околината на арената „Медисон Сквер Гарден“ на денот кога таму се одржуваше свадбата на поп-ѕвездата Тејлор Свифт и играчот на американски фудбал Тревис Келси.
Гињак собрал различни предмети од улиците околу арената, ги запечатил во 50 мали проѕирни акрилни коцки, познати како „Џебно ѓубре“ („Pocket Garbage“), и ги понудил на продажба по цена од 25 американски долари, со дополнителни 10 долари за испорака. Сите 50 коцки биле распродадени за помалку од 24 часа.
Во коцките имало најразлични предмети пронајдени околу местото на настанот, меѓу кои догорчиња од цигари, капачиња од шишиња, пластични сламки, сигнална лента, еден изгубен безжичен „ЕрПод“ (AirPod), бонбона-прстен „Ринг Поп“ (Ring Pop), па дури и неискористен тест за овулација.
Уметникот изјавил дека идејата ја добил затоа што сметал дека обожавателите на Тејлор Свифт, познати како „Свифтис“ (Swifties), би сакале да поседуваат необичен спомен од свадбата.
Помислив дека „Свифтис“ никогаш не би сакале да се разделат од нивното свадбено ѓубре, па сега можат да го носат со себе каде и да одат – изјавил Гињак.
Сепак, самиот автор нагласува дека не може да потврди дека предметите навистина потекнуваат од свадбената прослава или од нејзините гости. Тој објаснил дека отпадот е собран од јавните површини околу арената, надвор од безбедносниот периметар, поради што не е точно да се тврди дека станува збор за „ѓубре од свадбата“, туку за отпад собран во непосредна близина на местото каде што се одржувал настанот.
Оваа необична колекција е дел од долгогодишниот проект „Њујоршко ѓубре“ („NYC Garbage“), што Гињак го започнал уште во 2001 година. Во изминатите 25 години тој продал повеќе од 1.700 вакви акрилни коцки исполнети со отпад собран по големи настани низ Њујорк, претворајќи го обичното улично ѓубре во необичен колекционерски предмет.
Tagged as:
го пакува како сувенир и го продава!? Уметник го собира отпадот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
