Background

Украински капетан загинат во руски напад врз товарен брод

Капетан загинал во руски напад врз товарен брод во близина на украинското пристаниште Одеса на Црното Море, соопштија украинските власти, пренесува француската новинска агенција АФП.

Капетан загинал во руски напад врз трговски товарен брод во близина на украинското пристаниште Одеса на Црното Море.

Гувернерот на регионот Одеса, Олег Кипер, појасни дека бродот пловел под знамето на Антигва и Барбуда, а загинатиот капетан бил украински државјанин.

- Advertisement -
Ad image

Според Управата за морски пристаништа на Украина, бродот пловел во Црното Море кога бил погоден.

Во последно време е забележан значителен пораст на нападите, како од украинска така и од руска страна, врз пристаништа и пловни објекти во Црното и Азовското Море.

Откако Русија ја започна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, во Црното Море се регистрирани напади врз најмалку 226 цивилни и трговски пловни објекти, објави Турската комора за поморство (IMEAK). Од нив, 70 проценти – односно 163 напади – се случиле во првите осум месеци од оваа година.

По наглиот пораст на нападите во Црното Море – во кои од крајот на јуни се погодени најмалку 25 турски пловни објекти – Турција минатата недела испрати предлог до Украина и Русија со цел да се запрат нападите врз цивилните бродови во тој регион. Според АФП, ниту една од страните сè уште нема одговорено на предлогот.

Фото: Илустрација

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation