Background

УАПСЕНИТЕ ВО ГОЛЕМАТА АКЦИЈА СЕ МАКЕДОНСКИ И КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН

Во рамки на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција, денеска беше реализирана координирана акција во Солун.

Објавата доаѓа откако попладнево беше објавено дека во акцијата има уапсени од меѓународна криминална група и дека се запленети над 300 килограми марихуана. Акцијата уште трае со претреси во Македонија и на Косово.

Во акцијата, како што информира Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од слобода се лишени еден македонски и еден косовски државјанин.

- Advertisement -
Ad image

„При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија. Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во попладневните часови Одделот за криминалистичка полиција изврши претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица, како и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело“, наведува ОЈО ГОКК.

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, акцијата е резултат на континуирана и координирана меѓународна соработка во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со наркотични дроги.

За акцијата извести и Министерството за внатрешни работи.

„Како резултат на повеќемесечната координирана истрага, денеска во Солун се лишени од слобода еден македонски и еден косовски државјанин. При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија.
Во рамки на акцијата, Одделот за криминалистичка полиција заедно со повеќе сектори за внатрешни работи врши претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело“, соопшти МВР.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation