Се сомничи за проневера од 700.000 евра средства на УЕФА наменети за изградба на трибина во Охрид — акцијата ја спроведоа МВР и Јавното Обвинителство.
Утрово, во рамки на координирана полициска акција, беше уапсен Мухамед Мети Сејдини, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (ФФМ). Акцијата ја спроведе Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија.
Неофицијално, со доаѓањето на новото раководство на ФФМ, биле увидени сериозни финансиски злоупотреби, по што истите биле пријавени до МВР. Истрагата резултираше со денешното апсење.
„Старото раководство на ФФМ долго беше производ на скандали , утрово тоа заврши со апсење.”
Поранешниот претседател Сејдини подолго беше поврзуван со низа контроверзии во рамките на фудбалскиот сојуз. Денешната акција претставува значаен чекор во расчистувањето на состојбите во македонскиот фудбал. Истрагата е во тек, а дополнителни детали се очекуваат наскоро.
Мети Сејдини ,Уапсен ,Проневера ,700000Евра ,УЕФА ,Трибина Охрид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
