Туристичка Агенција – Турист Битола: Во понеделник најавен штрајк на грчките царински службеници
Во понеделник најавен штрајк на грчките царински службеници
Ги известуваме патниците и превозниците дека согласно информацијата добиена од грчката царинска служба,
во понеделник, 27 јули, во периодот од 6:00 до 10:00 часот – грчко време, односно од 5:00 до 9:00 часот – македонско време, на сите гранични премини во Грција е најавен штрајк на царинските службеници.
Најавено е дека за време на прекинот во работата, патничките возила ќе бидат пропуштани периодично.
Товарниот сообраќај во тој период ќе биде целосно во прекин, а исклучок може да бидат товарни возила со лесно расиплива стока.
Ги информираме патниците и превозниците да го имаат предвид најавениот прекин и навремено да го планираат своето патување.
Царинските службеници од македонска страна ќе работат нормално и ќе бидат преземени сите потребни дејства за намалување на евентуалните непријатности за патниците и превозниците.