Туристичка Агенција – Турист Битола: HOTEL MARO 3* – Агиос Јоанис, Грција Цена: 424 евра за трокреветна соба и вклучен појадок, за 7 ноќи
HOTEL MARO 3* – Агиос Јоанис, Грција

Цена: 424 евра за трокреветна соба и вклучен појадок, за 7 ноќи

Локација: Сместен е на самата плажа во Агиос Јоанис.

Капацитет и соби: Мал, пријатен хотел со вкупно 18 соби (3 двокреветни, 13 трикреветни и 2 четирикреветни). Сите соби се опремени со сопствена бања, ТВ, телефон, фрижидер и клима уред.

Содржини: Хотелот располага со полуотворен салон за појадок, внатрешен салон со камин и телевизор за одмор, како и модерен кафе-бар поставен на самиот брег.
Агиос Јоанис е едно од најпопуларните и најшармантните приморски места на североисточната страна на Пелион, лоцирано на околу 52 км источно од градот Волос. Познато е по својата исклучително убава и долга песочна плажа каде што зеленилото од густите дрвја се спојува со тиркизното море, создавајќи прекрасен природен амбиент. Местото има и мало пристаниште кое го користат рибарски чамци и јахти, а покрај брегот има голем избор на хотели, таверни и кафулиња.
Резервации и повеќе инфо:

+389 70 202 777