Background

ЦРВЕНИОТ ДРЕС НА „ЧИКАГО БУЛС“ ВРЕДИ МИЛИОНИ

Дресот што американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан го носеше во финалето на НБА-лигата во 1998 година е продаден за рекордни 14 милиони долари. Со тоа е соборен рекордот поставен само еден месец претходно, соопшти американската аукциска куќа „Hunt Auctions“.

Американски инвеститор во недвижности ја платил оваа сума за црвениот дрес на „Чикаго булс“ со култниот број 23, кој Џордан го носеше на вториот натпревар од финалната серија против „Јута џез“. Според аукциската куќа, ова е највисоката цена досега платена за предмет поврзан со историјата на кошарката.

Минатиот месец, друг дрес на Џордан, кој го носел на третиот натпревар од истото финале, беше продаден за дотогаш рекордни 12,26 милиони долари.

- Advertisement -
Ad image

Сезоната 1997/1998 беше последна за Џордан во дресот на „Чикаго булс“ и е во фокусот на документарната серија „The Last Dance“ („Последниот танц“). Предводени од Џордан, „Булс“ освоија шест шампионски титули во НБА-лигата во периодот од 1991 до 1998 година. Дресовите што ги носел во финалните серии од шампионските сезони и натаму се меѓу најбараните колекционерски предмети.

Во 2022 година, неговиот дрес од првиот натпревар во финалето во 1998 година беше продаден за 10,1 милион долари. Тој рекорд се задржа до продажбата минатиот месец, кога беше постигната цена од 12,26 милиони долари.

Сепак, ова не е најскапиот спортски дрес некогаш продаден на аукција. Рекордот му припаѓа на дресот на „Њујорк јенкис“ што го носел бејзбол-легендата Бејб Рут за време на Светската серија во 1932 година. Во 2024 година, тој беше продаден за 24,12 милиони долари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖