Во масакрот во Цетиње 4 лица се тешко повредени, од кои едно лице е брат на инспектор во црногорската полиција. Убиецот кон него испукал рафални истрели, информираат црногорските медиуми.
Во масакрот што се случи попладнево, загинаа 7 лица, од кои 2 деца. Според неофицијални информации, повредени се А.М., М.В и Д.К., кој е братот на полицискиот инспектор.
„Пред неколку години Д.К. беше цел на напаѓачи, сега е повреден во ова пукање“, открива извор запознаен со истрагата.
Директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора, Александар Радовиќ вечерва кусо изјави дека се донесени четворица пациенти со тешки повреди, опасни по живот. Станува збор за тројца мажи и за една жена.
– Сите тимови се во операциските сали. Сега работат сите четири оперативни машини. Не би можел да коментирам за исходот од операциите – рече Радовиќ.
Од четврток, 2 јануари, во Црна Гора е прогласена тридневна жалост, најави црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.
Убиецот е во бегство. Сè уште не се познати мотивите за страшното злосторство.
Вечерва се огласи и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, кој објави дека е шокиран и потресен.
„Шокиран сум и потресен од оваа трагедија која го поцрни нашето Цетиње, семејствата и пријателите на жртвите, на кои им изразувам искрено сочувство. Се молиме и се надеваме на оздравување на сите ранети. Нашите мисли вечерва се со семејствата кои ги загубија своите најблиски и со граѓаните на Цетиње. Цела Црна Гора ја чувствува и ја споделува вашата болка“, објави претседателот Милатовиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖