Background

Цените на нафтата, по остриот пад минатата недела, повторно се зголемија поради новите тензии во Ормускиот Теснец

Цените на нафтата, по остриот пад минатата недела, повторно се зголемија поради новите тензии во Ормускиот Теснец. На лондонскиот пазар цената на барел скокна за 5,7 проценти, на нешто над 87 долари, додека на американскиот пазар, цената на барел се зголеми за повеќе од 6 проценти и изнесува 89,5 долари.

Цените се променливи од крајот на февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран, а Техеран одговори со затворање на Ормускиот Теснец, кој е клучна рута за извоз на нафта од Блискиот Исток.

Шефот на Меѓународната агенција за енергија вели дека на Европа има млазно гориво за уште само за 6 недели.

- Advertisement -
Ad image

На аеродромот во Загреб потврдуваат дека има откажани летови поради војната на Блискиот Исток.

– Цената на авиогоривото во Европа се зголеми за околу 100 проценти од почетокот на кризата на Блискиот Исток, а уште повеќе на некои аеродроми. Цените беа околу 900 долари по тон, а сега достигнуваат до 2.000 долари по тон – вели Марко Цвијин, директор на авиокомпанијата „Трејд Ер“.

Зголемувањето на цената значително влијае на оперативните трошоци.

– Горивото порано сочинуваше околу една третина од цената на еден час лет на авионот. Сега тој удел се искачи на речиси половина од вкупните трошоци на час, што е секако загрижувачко – вели тој.

Патниците можат да очекуваат повисоки цени на авионските билети.

– Тешко е да се каже, бидејќи зависи од секоја авиокомпанија, но во секој случај ќе влијае на прилагодувањето на цената нагоре – рече Цвијин за РТЛ.

Тој додаде дека постои и можност и за намалување на бројот на летовите.

– Ако трендот на зголемување на цените на горивата продолжи, веројатно ќе има дополнителни откажувања и намалување на бројот на летови, бидејќи способноста на авиокомпаниите да ги продаваат своите капацитети слабее – вели тој.

На прашање што би се случило ако Европа навистина остане без гориво за 6 недели, Цвијин вели дека тоа се загрижувачки вести.

– Тешко е да се процени што би можело да се случи во најлош случај. Се надеваме дека тоа нема да се случи, дека кризата на Блискиот Исток ќе се смири и дека снабдувањето со гориво за авиони, особено во Европа, ќе продолжи како и досега – рече тој.

Цвијин, кој работи во авијацијата повеќе од 30 години, вели дека не се сеќава на ваква ситуација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation