Цената на храната е зголемена под 1% во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата што ги прави врз основа на добиените бројки од Државниот пазарен инспекторат – изјави премиерот Христијан Мицкоски.
– Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкоски.
Тој посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6%, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5%.
– Нема како ние да останеме имуни на ова. Имајќи предвид минатата година овој период, имавме и велигденска кошница. Но, очекувам сето ова да се стабилизира во овој тековен месец и веќе од следниот да имаме инфлација, која ќе биде под 4%, а доколку имаме стабилизирање на состојбите во Иран, тогаш очекувам да дојдеме до оние бројки што до крајот на годината ќе бидат меѓу 2 и 3% – вели Мицкоски.
Прашан дали има опции за мерки, Мицкоски со одговор дека како Влада немаат голем простор за мерки, освен тоа да влијаат на данокот на додадената вредност (ДДВ), да се замрзнат цените и маржите што се покажа како лоша мерка.
Прашан дали може таргетирани мерки за одредени производи, Мицкоски потврди дека тоа веќе го прават и како пример ги посочи вештачкото ѓубриво и течниот природен гас.
– Така што имаме таргетирани мерки. Но сакам да кажам и тоа е многу важно да се истакне, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ние како држава сме меѓу првите три во согласност со мерките што ги аплицираме како процент во ДДВ за време на оваа криза – истакна Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
