Премиерот Христијан Мицкоски очекува оваа година да финишираат преговорите со голем дел од странските инвеститори со кои се преговара и да се потврди или надмине бројката од една милијарда евра странски инвестиции.
– Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата. Другата веќе ја најавивме и очекувам конечно некаде јуни-јули да го ставиме камен темелникот. Тоа е ветерниот парк од половина милијарда долари. Така што очекувам успешна и плодна година – изјави Мицкоски по свечената литурија по повод Божик одржана во Соборниот храм во Скопје.
Според премиерот, иако индустриското производство бележи пад и има економска криза во Германија која е наш најголем трговски партнер, она што ќе го помага економскиот раст се инвестициите, потрошувачката и намалената разлика меѓу увозот и извозот.
Мицкоски очекува да бидеме меѓу првите 5 најбрзорастечки економии во Европа.
Tagged as:
Целта на премиерот Мицкоски е да привлечеме инвестиции со напредна технологија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
