Background

Царинска управа: по разузнавачка царинска информација во поштенски пратки пронајдена дрога, кривична пријава ќе биде поднесена против едно лице

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција.

По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен царински тим и царинско куче, коишто преземаа соодветни дејствија, при што по тестирање на содржината со специјална опрема е утврдено дека во четирите пратки се наоѓа наркотична дрога, и тоа метамфетамин со тежина од 12,5 грама, МДМА со вкупна тежина од 20 грама и кокаин со тежина од 8 грама.

Случајот е предаден на понатамошна постапка на Одделението за истраги, од каде се преземени предистражни дејствија. По налог на јавен обвинител, инспектори за спроведување истраги, во моментот на примопредавање на пратката, го приведоа лицето Ј.Е. и извршија претрес на домот каде живеел заедно со сопругата.

- Advertisement -
Ad image

При претресот дополнително се пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон.

Дрогата пронајдена во поштенските пратки и домот на лицето е одземена и испратена на вештачење, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation