Повеќе тенисери на престижниот турнир, кој во моментов се игра во Мадрид, се пожалија на стомачни болки, а дел од нив повраќаа дури и за време на натпреварите, најверојатно како последица на расипана храна што им се служела во ресторанот за играчите, јави медиумот „Тенис ченел“.
Голем број учесници се повлекоа од натпреварите поради болки во стомакот и исцрпеност, така што натпреварите се презакажуваат. Според медиумите, кои разговарале со играчите, изворот на инфекцијата најверојатно се такосите со ракчиња што се служат во ресторанот на играчите.
Најтешките сцени се случија за време на натпреварот помеѓу Коко Гоф и Сорана Кирстеа. Во еден момент, американската ѕвезда почна да повраќа среде теренот, но некако најде сила да „преживее“ и да го добие натпреварот, иако беше видливо исцрпена.
Ни Ига Швионтек не се снајде подобро. Полјачката го напушти натпреварот од Ен Ли во солзи, а по напуштањето на теренот, лекарите мораа итно да ги проверат нејзините витални параметри.
На листата на „скратени“ натпревари се најде и Марин Чилиќ, кој го загуби натпреварот без борба, како и Људмила Самсонова и Медисон Кис. Некои тенисери имаа корист од прекинатите мечеви, како Линда Носкова, која ја победи Самсонова која имаше проблеми со стомакот.
Иако првично се сомневаше на вирус, теоријата за труење со храна добива сè поголема веројатност. Организаторите сè уште официјално не ги коментираа овие обвинувања, но очигледно е дека во Мадрид луѓето во моментов повеќе гледаат во чинијата отколку во топката.
Слична ситуација се случи минатата година во Акапулко, кога половина од натпрецварите завршија со сериозни проблеми со стомакот поради лоша храна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
