Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот на Армијата. Во возилото, како што пишува во информацијата, удрило патничко возило.
„Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања“, соопшти Генералштабот на Армијата.
На самото место се излезени МВР и припадници од Воената полиција.
МИА претходно информираше за сообраќајката и дека сообраќајот се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.
На местото на несреќата интервенирале возила на Итната медицинска помош и на ТППЕ од Кочани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
