Триесет и шестгодишен државјанин на Северна Македонија е уапсен во Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот во Пух-Урштајн, во близина на Салцбург.
Според австриската полиција, апсењето било извршено во населбата Елизабет-Форштат, во близина на железничката станица. Истражителите наведуваат дека жртвата починала од тешките повреди здобиени при нападот, пренесоа германски медиуми.
Иако германските и австриските власти официјално не потврдуваат дека станува збор за истиот случај, повеќе детали упатуваат дека осомничениот е поврзан со грабежот што се случи за време на првиот мајски викенд во Келн.
Тогаш, непознати сторители провалиле во бунгалов на 93-годишен маж, физички го нападнале, а потоа го пребарале домот и избегале со пленот. На 3 мај, неговите деца го пронашле мртов во куќата. Обдукцијата покажала дека починал од тешки телесни повреди.
Германската полиција претходно уапси двајца осомничени – 30-годишник и 59-годишник, додека по трет осомничен, 36-годишен маж, сè уште се трагаше.
По апсењето во Австрија, во тек се дополнителни истраги и координација со германското правосудство околу можната екстрадиција на осомничениот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
