Background

Три години по апсењето кое предизвика голема јавна реакција, анестезиологот Валтон Дервиши од Болницата во Тетово се очекува да се врати на работа, откако судовите го поништија решението за негово отстранување

Три години по апсењето кое предизвика голема јавна реакција, анестезиологот Валтон Дервиши од Болницата во Тетово се очекува да се врати на работа, откако судовите го поништија решението за негово отстранување.

Тој беше уапсен, а потоа и осуден на 15 месеци затвор за неовластено снимање на пациенти и медицински персонал во одделението за гинекологија, како и за објавување на дел од материјалите на ТикТок.

Според подоцнежниот тек на судските постапки, првичната затворска казна и дисциплинските мерки биле изменети во поблаги процедури, додека дел од обвиненијата се преквалификувани по заверени изјави и нови судски одлуки.

- Advertisement -
Ad image

Тоа влијаело Лекарската комора и судовите да констатираат дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лиценца.

Според Законот за работни односи, вработен може да добие отказ ако со правосилна одлука му е забранета дејноста или има изречено казна затвор подолга од шест месеци.

Во судските постапки ниту колегите, ниту сниманите пациентки не се приклучиле на кривичниот прогон, потврдува адвокатот на Клиниката во Тетово, Дарко Котески кој посочи дека последната надеж за преиспитување на институционалниот исход клиниката Тетово ја гледа во ревизија пред Врховниот суд кој засега се уште не постапил.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation