Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 5,93 милијарди долари и е зголемен за 13,9% во однос на истиот период претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 8,37 милијарди долари и бележи раст од 13,5%. Овие податоци ги објави Државниот завод за статистика.
Во евра извозот изнесува 5,10 милијарди евра што е зголемување од 8,6% во однос на истиот лански, а вредноста на увозот за истиот период изнесува 7,19 милијарди евра или раст од 7,8%, споредено со истиот период лани.
Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,9%. Трговскиот дефицит достигна 2,44 милијарди долари.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – јули 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,4% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,7 % во вкупната размена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
