Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос запишаа трета последователна победа откако го совладаа Тетекс во Тетово со резултат 0:3. Со овој триумф, охридскиот тим постигна максимален учинок од три победи во исто толку одиграни натпревари на стартот од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, со голразлика 10:2 и 9 освоени бодови.
Стрелци за екипата од Охрид беа Дамјан Масевски, Валентин Кочоски и Марко Николовски, кои со своите голови ја обезбедија убедливата победа на нивниот тим.
Ваквиот сигурен старт станува сè повеќе показател дека ГФК Охрид Лихнидос ќе биде еден од главните кандидати во трката за врвот на табелата оваа сезона, со амбиции за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Вреди да се потсети дека минатата сезона Охриѓани завршија на четвртото место, само чекор до баражот, така што перфектниот старт дава дополнителна доверба дека тимот годинава ќе оди чекор понапред.
Резултат: Тетекс, Тетово- 0, ГФК Охрид Лихнидос – 3
Стрелци:
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
