Тренчевска: ВМРО ветуваше подобар живот, денес граѓаните живеат со бедни плати и во сиромаштија

„Бедна минимална плата, растечка сиромаштија, нови задолжувања и граѓани кои сè потешко можат да си дозволат основни производи, тоа е реалноста овие две години со ВМРО е на власт“, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тренчевска посочи дека, Владата колку и да се обидува преку бројки и статистики да создаде слика за економски успеси, секојдневието на граѓаните покажува дека животниот стандард опаѓа, а сиромаштијата се продлабочува.
„Нема област во која има резултати откако ВМРО е на власт. Дали е животен стандард, дали е економија, дали е реформска агенда, дали е земјоделство, дали е здравство, дали е образование – нема резултати во ниту во една област. Она што беше ветено во платформата со која настапија на изборите во 2024 година, не е исполнето. Колку и да сакаат да испревртуваат со бројки и статистики, тоа не може да им помине“, потенцираше Тренчевска.