Американскиот претседател Доналд Трамп засега е подготвен да го засилува економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива. Шефот на САД денеска за „Аксиос“ рече дека преговорите со Техеран се водат „со половина сили“.
Трамп не упати нови воени закани по новите ирански барања за морскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец.
– Не правиме голема работа од тоа – рече Трамп во краткиот телефонски разговор.
Иран го одложува објавувањето на договорот со Оман за повторно отворање на Ормускиот Теснец.
Трамп смета дека лошата економска состојба му остава малку простор на Техеран.
– Само половично преговараме со нив. Го гледаме Иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари – изјави Трамп.
Според американскиот претседател, Иран нема доволно пари ниту за своите војници. Тој тврди дека американската поморска блокада дополнително ја продлабочила економската криза.
Истовремено, цената на нафтата паднала на нешто над 75 долари за барел. Според Трамп, поради тоа американските потрошувачи послабо ги чувствуваат последиците од војната.
– Ќе заврши како што треба. Секогаш завршува така. Тоа е како игра шах – рече Трамп за надмудрувањето со Иран.
Според „Аксиос“, пред една недела американскиот претседател бил понаклонет кон продолжување на големите борбени операции. Во меѓувреме, соработниците го убедиле засега да ги намали тензиите.
Еден американски претставник оценил дека продолжувањето на борбите би му овозможило на иранскиот режим да го одложи справувањето со економската криза и со оштетената инфраструктура.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
