Background

Трамп за првпат на вечера со дописниците од Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа присуствуваше на вечерата со дописниците од Белата куќа, која се одржа три месеци по настанот организиран по истата пригода, на кој се случи оружен инцидент поради кој претседателот и други виоски прествници од неговата администрација мораа да бидат евакуирани.

Вечерата со дописниците од Белата куќа во хотелот „Валдорф Асторија“ во Вашингтон во април годинава беше прекината, откако вооружен човек се обиде да пробие безбедносен контролен пункт, по што американската тајна служба отвори оган и го запре напаѓачот.

Трамп по вечерата одржа едночасовен говор во кој ги критикуваше, како што ги нарече, „медиумите за лажни вести“, како и поединечни новинари и политички противници, објави CBS News.

- Advertisement -
Ad image

Во своето обраќање, оцени дека медиумите во голема мера зависат од неговото присуство во јавноста.

– Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате. Вашиот бизнис модел ќе биде завршен – рече Трамп, по што накратко стави капа со натпис „Трамп 2028“.

На шега коментираше за својот однос со медиумите, наведувајќи дека меѓу присутните новинари имало „многу луѓе што му се допаѓаат, некои воопшто не ги сака, но повеќето од нив ги почитува“.

Зборувајќи за безбедносните мерки по инцидентот во април, американскиот Трамп се пошегува за новинарите што носат панцири.

– Знам дека не беше лесно да се најдат чевли што би оделе со панцирот, кој многу луѓе не сакаат да го носат затоа што повеќе би сакале да умрат отколку да изгледаат 20 килограми потешки – рече Трамп.

Во текот на вечерта, тој се пошегува и за американскиот секретар за здравство и човечки услуги Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

– Се надевам дека сите уживаат во многу вкусното говедско филе, рече Трамп, шегувајќи се дека Кенеди наводно „прегазил крава со својот автомобил, ја исекол и ја донел тука“.

Тој додаде дека Кенеди предложил предјадење од ракун кој бил убиен на патот, но таа идеја била отфрлена.

Претседателката на Здружението на дописници од Белата куќа и виш дописник на CBS News, Веиџија Џијанг, рече дека постои разлика помеѓу критикување на медиумите и обид за нивно поткопување.

– Едното е здраво и нè прави подобри, а другото е токму она што треба да се спречи, рече Џијанг.

Церемонијата се одржа со зголемени безбедносни мерки, во помал простор во хотелот „Валдорф Асторија“. Организаторите рекоа дека безбедносните мерки се значително заострени. Гостите мораа да поминат низ повеќе проверки и да покажат уникатен QR код и важечка лична карта за да влезат во салата.

Директорот на тајната служба, Шон Куран, рече дека секоја локација каде што престојува претседателот се оценува индивидуално од безбедносна перспектива, додека официјалните лица предупредија дека бројот на закани под заштита на Тајната служба се зголемил за речиси 40 проценти од почетокот на годината во споредба со истиот период минатата година.

Иако е вообичаено претседателите да се обратат на годишната вечера со дописниците од Белата куќа, синоќешниот говор на Трамп беше првиот негов говор на ваков настан. Во својот прв мандат, тој ја бојкотираше вечерата со дописниците и со години беше критичен кон новинарите, вклучувајќи и многумина кои беа присутни на синоќешниот настан.са/

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation