Трамп најави враќање на каналот и преименување на Заливот на Мексико

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сакам да сум миротворец и обединувач, рече новиот американски претседател Доналд Трамп на својот говор на инаугурацијата. Тој вели дека „ исто како во 2017 година САД ќе ја изградат најсилната армија која ја видел светот како по војните кои ги води, така по оние кои не ги води“.

– Наскоро ќе го преименуваме Заливот на Мексико во Залив на Америка – најави Трамп.

Новиот, 47. американски претседател го спомна и прашањето за припојување на Панамскиот канал за кое неодамна се изјасни на социјалните мрежи.

– Изгубивме 38.000 животи во изградба на Панамскиот канал. Сега нашите бродови тешко им се наплатува. Па видете, не ѝ го дадовме каналот на Кина, туку на Панама. Сега ќе си го вратиме назад.

Тој потсети дека Американците се истражувачи и авантуристи на други континенти и дека не постои сон кој не може да се освои ако нацијата работи заедно.

– Во Америка најдобро го правиме невозможното. Како што ја ослободуваме нашата нација, заедно ќе го вратиме растот на нацијата. Ќе однесеме астронаути на Марс. – рече Трамп.

Тој порача дека „од денеска нема да доживуваме неуспеси, ќе сонуваме смело и ништо нема да ни стои на патот“.

Share This Article