Background

Трамп изјави дека очекува понатамошни разговори со Иран да се одржат следната недела, еден ден откако го отфрли иранскиот предлог за отворање на Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува понатамошни разговори со Иран да се одржат следната недела, еден ден откако го отфрли иранскиот предлог за отворање на Ормускиот Теснец.

– Тие сакаат договор, но тоа не е вид на договор каков што јас сакам да склучам – изјави Трамп во телефонски разговор за Аксиос.

Американскиот претседател пред два дена го одби предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот, посочувајќи оти Техеран „сака итен договор за отворање на Ормус бидејќи губи на сите полиња“. Техеран предложи во текот примирјето САД да одмрзнат околу 12 милијарди долари ирански имот, да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и да ги укинат санкциите, а Иран за возврат повторно да го отвори Ормускиот Теснец.

- Advertisement -
Ad image

Порталот Аксиос објави дека два регионални извори ги потврдиле планираните разговори, истакнувајќи дека новата рунда индиректни разговори би можела да започне уште утре.

Иранската новинска агенција (ИРНА), пак, денеска објави дека не се планирани нови преговори помеѓу Техеран и Вашингтон.

„Иранската делегација во Њујорк нема планови за преговори со САД“, објави ИРНА.

Претставници на САД и Иран се сретнаа за прв пат по месеци на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк пред неколку дена. Главниот преговарач на Трамп, Стив Виткоф, рече дека разговорите се водат преку посредници.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, подоцна изјави дека Техеран му испратил на Вашингтон, преку Катар, седумдневен план за отворање на Ормус, стратешки важниот морски премин кој сега е центар на конфликтот меѓу САД и Иран.

– Можат да го прифатат овој седумдневен план и на крајот Ормускиот Теснец ќе биде отворен – рече Арагчи.

Амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц, денеска изјави дека САД го отфрлиле предлогот затоа што Техеран поставувал предуслови, вклучително и укинување на сеопфатните санкции и пристап до замрзнатите ирански милијарди долари.

– Тие побараа сè однапред – изјави Валц за Си-Ен-Ен, додавајќи дека Иран се согласил да почне преговори дури откако ќе бидат исполнети тие барања.

Валц рече дека Трамп не е убеден дека Иран навистина ќе преговара за прекин на својата нуклеарна програма.

Во изјавата за Аксиос Трамп рече дека САД би се согласиле со иранскиот предлог пред една година, но додаде дека иранските претставници „ја прецениле својата позиција“.

Кратко по почетокот на американско-израелската војна со Иран на 28 февруари, Техеран речиси целосно го затвори сообраќајот низ Ормускиот Теснец со закани и со напади. Како резултат на тоа, цените на нафтата и на гасот на светските пазари скокнаа. Пред војната со Иран сообраќајот низ теснецот во голема мера се одвиваше непречено и оттаму минуваше дна петтина од глобалната побарувачка за нафта. САД одговорија на затворањето на Ормускиот Теснец со блокада на иранските морски пристаништа, со цел да извршат економски притисок врз земјата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖