Background

Трамп им се обрати на Кубанците за денот на кубанската независност

Претседателот на САД Доналд Трамп објави порака по повод Денот на независноста на Куба, во која нагласи дека неговата администрација „нема да се смири додека народот на Куба повторно не ја добие слободата за која неговите предци толку храбро се бореле пред повеќе од 100 години“.

Трамп го обвини актуелниот кубански режим за корупција, ограничување на политичките слободи и задушување на неистомислениците, како и за доведување на економијата во „состојба на колапс“.

Тој беше категоричен дека САД „нема да толерираат држава-престапник што прифаќа непријателски странски воени, разузнавачки и терористички операции“.

- Advertisement -
Ad image

Според него, апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро треба да биде „јасна порака“ до кубанската власт. Трамп изрази солидарност со народот на Куба и предвиде „нова златна ера“ за земјата.

Исто така и американскиот државен секретар Марко Рубио по повод Денот на независност на Куба, преку видеопорака им се обрати на Кубанците, нудејќи има 100 милиони долари помош, а притоа ја обвини кубанската власт за недостигот на електрична енергија, храна и вода.

– САД ви нуди помош не само за ублажување на моменталната криза, туку и за изградба на подобра иднина. Вистинската причина зошто немата струја, гориво и храна е затоа што оние што ја контролираат вашата земја украле милијарди долари, од кои ништо не им дале на народот, наведе Рубио во пораката на шпански јазик.

Тој наведе дека САД ќе им дадат на Кубанците храна и лекови во вредност од 100 милиони долари, но под услов дистрибуцијата да се врши преку Католичката црква или други сигурни хуманитарни групи.

– Претседателот Трамп предлага нов пат помеѓу САД и нова Куба … каде што навистина имате можност да изберете кои луѓе да ја водат вашата земја и да гласате за нивно менување ако не ја вршат добро својата работа – посочи Рубио, чии родители се Кубанци.

Амбасадата на Куба во САД соопшти дека Рубио лаже и ги обвини САД за суров третман.

„Причината зошто американскиот државен секретар постојано бескрупулозно лаже за Куба и се обидува да ја оправда агресијата на која го подложува кубанскиот народ не е незнаење или некомпетентност. Тој многу добро знае дека нема оправдување за таква сурова и немилосрдна агресија, објави Амбасадата на Куба на мрежата Икс.

САД де факто воведоа блокада на Куба, заканувајќи се со санкции за земјите што ја снабдуваат со гориво, поради што земјата се соочува со чести прекини на електричната енергија што предизвикуваат хаос во веќе кревката економија.

куба, соединети американски држави, доналд трамп, николас мадуро, меѓународна политика, дипломатија, санкции, кубанска криза

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation