Иран знае што не смее да прави изјави претседателот на САД за новинарите од Овалната соба во Белата куќа. Доналд Трамп одби да одговори што би значело прекршување на примирјето со Иран откако претходно денеска министерот за одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека Иран уште не ја преминал линијата.
– Ќе дознаете, бидејќи ќе ви кажам… тие знаат што да прават, тие знаат што не треба да прават – изјави Трамп.
Тој додаде дека Иран се обидува да се спротивстави со помали бродови. Според него, тоа е обид да се натпреварува со американската морнарица.
Во меѓувреме, тензиите растат во Ормускиот Теснец, а Вашингтон и Техеран разменуваат напади и остри пораки. Ситуацијата се вжешти откако Вашингтон најави помош за бродови во клучниот нафтен коридор.
– Иран нема шанси. Никогаш немал – изјави Трамп.
Тој тврди дека Техеран сака договор. Вели дека тоа го слуша во разговорите.
– Ми го кажуваат тоа кога разговарам со нив, а потоа излегуваат на телевизија и велат дека им оди одлично.
Трамп даде прогноза за нафтата.
– Очекувам цената да достигне 300 долари за барел – изјави тој.
Највисоката цена на нафтата во поновата историја од 2008 година кога беа регистрирани 147 долари за барел.
Трамп испрати порака до Техеран.
– Иран треба да го крене белото знаме на предавање – изјави Трамп.
Тој ја пофали блокадата на САД во Теснецот.
– Практично е како челик. Никој нема да се обиде да ја пробие – рече тој.
Трамп зборуваше и за економијата на Иран.
– Подготвен сум да ја уништам нивната економија затоа што сакам да победам – изјави Трамп.
Тој тврди дека инфлацијата во Иран сега е 150% и дека валутата ријал е безвредна.
Според други податоци, инфлацијата во Иран е под 54%.
Tagged as:
Трамп го повика Иран да крене бело знаме
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
