Background

Трамп ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува

Американскиот претседател, Доналд Трамп ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува.

Тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за предавство и најави нивно кривично гонење.

Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл наведе дека САД располагаат со „огромни количини муниција, особено од одредени видови“, додавајќи дека нови количини постојано се произведуваат и се испорачуваат зависно потребите на војската. Тој истакна и дека американската одбранбена индустрија гради најголем број нови фабрики и производствени капацитети во историјата на земјата.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател остро ги критикуваше изворите на медиумските извештаи за наводен недостиг на оружје.

„Се трага по оние што оддаваат предавнички информации“, напиша Трамп, додавајќи дека за одговорните ќе бидат побарани долготрајни затворски казни.

Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека Трамп наводно остро го критикувал американскиот министер за одбрана Пит Хегсет поради исцрпувањето на залихите клучна муниција, што според весникот, ги ограничило воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран.

Според весникот, Трамп на состанок на кабинетот побарал објаснување од Хегсет зошто проблемот со залихите на муниција не бил решен, иако бил убеден дека тоа веќе е направено.

Извори за „Вашингтон пост“ тврдат дека недостигот особено се однесува на наведувани ракети со долг дострел и ракети за противвоздушна одбрана, поради што Трамп во последните денови се откажал од нови поголеми воени напади врз Иран.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation