Трамп е подготвен да преземе поголема контрола над федералната влада од кој било модерен претседател пред него, кога ќе ја преземе функцијата во понеделник

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е подготвен да преземе поголема контрола над федералната влада од кој било модерен претседател пред него, кога ќе ја преземе функцијата во понеделник, пренесува Ројтерс.

Тимот на Трамп веќе бара оставки од тројца високи американски дипломати кои вршат надзор врз Стејт Департментот. Според информации од Тимот за надзор на транзицијата на Стејт департментот, тоа се: Дерек Хоган, Марсија Берникат и Ален Теплиц.

Трамп, кој ќе биде инаугуриран на 20 јануари во понеделник уште во предизборието на претседателската кампања вети дека ќе ја „исчисти длабоката држава“.

Напорите би можеле да започнат уште на првиот ден на Трамп како претседател, според еден од изворите, со извршна наредба чија цел е да се одземе заштитата на работните места на околу 50.000 федерални службеници кариеристи и со дозвола нивното место да го заземат избрани лојалисти на новиот претседател.

Чистката, според анализата на Ројтерс, ќе ја водат десетина од главните назначени лица на Трамп за неговиот втор мандат кои „добиле мандат експлицитно за да ја размрдаат администрацијата“.

Во анализата се спомнува Расел Воут, номиниран од Трамп да се врати за директор на Канцеларијата за менаџмент и буџет, одигра централна улога во изработката на претходна верзија на наредбата за прекласификација, позната како Распоред Ф, додека Трамп ја напушташе функцијата во 2020 година.

Други задолжени за искоренување на „длабоката држава“ ги вклучуваат кандидатот за државен обвинител Пем Бонди, можниот следен директор на ФБИ, Каш Пател, кандидатот за државен секретар Марко Рубио, советник за национална безбедност, Мајк Волц, кандидатот за образование Линда Мекмахон и Илон Маск и Вивек Рамасвами кои ќе ги предводат напорите на Трамп за ефикасност на владата.

Share This Article