Background

Тошковски изнесе детали за големата акција во Струмичко

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која е откриена нелегална плантажа на канабис, одземени се 680 килограми стебла, а притоа се уапсени две лица од Ново Село на 34 и 30 годишна возраст.

Тошковски откри дека полициски службеници , кои учестевувале во акцијата, со цел да ги фатат на дело одгледувачите, неколку дена спиеле на нива. Според МВР, уапсените во сокриен дел од парцелата на место викано „Матник“ во атарот на село Секирник, струмичко, ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла канабис. Во истрагата е утврдено дека дел од ова производство било наменетао за пазари надвор од Македонија.

– Дрогата е детектирана и обезбедена, а луѓето кои што биле директно вклучени во рамки на процесот на производство и пуштање во промет на истата се обезбедени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Доколку вакви постапки во текот на годините почесто биле спроведувани немаше да бидеме до ова дереџе – изјави Тошковски.

- Advertisement -
Ad image

Министерот Тошковски рече дека акцијата е доказ дека МВР и бирото за јавна безбедност се посветени на разоткривање и соодветно процесуирање на вакви кривични дела.

Уапсените се гонат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation