Background

Тошковски: Бројот на убиства е намален од 19 на 12, односно за околу 37 проценти

Истрагата за убиството во Чаир сè уште е во тек, се расчистуваат околностите поврзани со еден од двајцата осомничени, вклучително и прашањето зошто лицето било на слобода во моментот на извршување на делото, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски во гостувањето на МРТВ рече дека во оваа фаза не може да изнесува дополнителни детали за истрагата и изрази очекување дека осомничените наскоро ќе бидат лишени од слобода. Потсети дека и во претходни случаи на најтешки кривични дела осомничените биле обезбедени и против нив биле преземени соодветни мерки.

Одговарајќи на прашањето дали граѓаните се безбедни, министерот нагласи дека безбедносната состојба треба да се оценува врз основа на конкретни податоци и споредби, а не само преку поединечни настани.

- Advertisement -
Ad image

– Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам – да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Истото не би можеле да го толкуваме надвор од она коешто би требало да бидат бројки, статистика и реалност – истакна Тошковски.

Според податоците што ги презентираше, во периодот од јануари до август 2026 година има намалување на повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година.

Бројот на убиства е намален од 19 на 12, односно за околу 37 проценти. Бројот на регистрирани сторители е намален од 26 на 13, додека бројот на жртви е намален од 20 на 12, што претставува намалување од околу 40 проценти. Изразено намалување, од приближно 65 проценти, е регистрирано кај обидите за убиство.

– Слободно можам да оценам дека имаме намалување на бројот на кривични дела од овој тип на насилен криминалитет. Разбојништвата се намалени за околу 40 проценти, а тешките кражби за приближно 30 проценти во споредба со истиот период во 2025 година – посочи министерот.

Тошковски оцени дека овие показатели упатуваат на подобрување на безбедносната состојба во делот на насилниот и имотниот криминалитет, но нагласи дека постојат и категории кривични дела кај кои е регистриран пораст.

Една од нив е семејното насилство. Министерот посочи дека зголемениот број регистрирани случаи, според неговата процена, е поврзан и со поголемата охрабреност на граѓаните да го пријавуваат овој вид насилство. Во таа насока го истакна променетиот пристап во постапувањето, наведувајќи дека во Скопје е обезбедена достапност на дежурен судија кој може веднаш да постапува по барањата на МВР.

Втората категорија со значителен пораст е кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило. Според министерот, во првите 8 месеци од годинава се регистрирани околу 2.200 вакви кривични дела, што е приближно 7 пати повеќе во споредба со истиот период лани.

Тој објасни дека зголемувањето е поврзано со измените на Кривичниот законик, како и со примената на системот „Безбеден град”, кој овозможува поефикасно откривање на ваквите дела.

– Го имаме „Безбеден град“, којшто ни помага и тоа како во овој дел на детекција на кривичните дела, и поради тоа имаме драстично зголемување на бројот на кривични дела – истакна Тошковски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation