Background

ТИРАНА ГОРИ, РАМА НЕ ПОПУШТА

Албанскиот премиер Еди Рама категорично одби да поднесе оставка по насилните протести во Тирана, порачувајќи дека владите се менуваат на избори, а не со револуција. Во писмен одговор за „Ројтерс“, тој оцени дека неговото повлекување би било предавство на Албанците што му дале мандат да ја води земјата кон Европската Унија.

– Што се однесува до повиците за моја оставка, владите се менуваат преку демократски избори. Минатата година имавме избори, а не револуција – порача Рама.

Неговата реакција доаѓа по жестоките судири во албанската престолнина, каде што демонстрантите нападнаа владини згради, банки и продавници, а полицијата интервенираше со солзавец и водени топови.

- Advertisement -
Ad image

Рама, кој минатата година го освои својот четврти премиерски мандат, изјави дека е подготвен да разговара за зголемените трошоци за образование, но нагласи дека насилството не може да биде средство за исполнување на студентските барања.

– Нападите врз институциите, уништувањето на јавниот имот и загрозувањето на јавната безбедност немаат никаква врска со легитимните барања на студентите – наведе албанскиот премиер.

Тој истакна дека негова одговорност е да ги слуша граѓаните и да одговори на нивните оправдани грижи, но и да го продолжи европскиот пат на земјата.

– Спротивното би претставувало предавство кон Албанците, кои ми дадоа силен мандат да ги завршам преговорите за членство во Европската Унија – порача Рама.

Насилствата предизвикаа реакција и од Делегацијата на Европската Унија во Албанија, која ги повика властите да избегнуваат прекумерна употреба на сила врз демонстрантите и новинарите.

„Загрижени сме поради ескалацијата на насилството на протестот во Тирана. Слободата на собирање и изразување се основни права и темелни европски вредности“, соопшти Делегацијата на ЕУ.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, исто така, го осуди насилството и повика на смирување на тензиите.

Според претходно објавените информации, во немирите се повредени 23 полицајци и уште шест лица, а 35 демонстранти биле приведени. Протестите продолжија трет ден по ред.

 

 

Албанскиот премиер во својата реакција посочи дека зад политичките притисоци можеби стојат и сили што не сакаат Албанија да напредува кон Европската Унија.

– Можеби одредени сили, како во земјата така и во странство, не сакаат да ја видат Албанија успешна, како предводник во процесот на пристапување кон ЕУ. Но, нема да дозволам насилството да ја оддалечи Албанија од нејзиниот европски пат – изјави Рама.

Новите судири денеска доведоа и до откажување на седницата на албанскиот парламент. Демонстрантите повторно фрлаа камења кон полицијата пред Министерството за образование, а безбедносните сили возвратија со солзавец и водени топови.

Албанската полиција во меѓувреме соопшти дека по вчерашните немири се уапсени 55 лица, меѓу кои двајца малолетници, а против уште 98 лица се води постапка. Протестите се проширија и во други градови, додека во Корча превентивно беше испразнета зградата на општината.

Протестите започнаа како студентско движење против зголемените трошоци за образование, но прераснаа во поширок антивладин бунт. На демонстрациите се приклучија и противници на контроверзниот проект за луксузен туристички комплекс на јужниот албански брег, поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Антивладиното движење „Фламинго“, препознатливо по розовите фламинга на транспарентите, бара оставка од Рама поради обвинувањата за корупција.

Според „Ројтерс“, протестите се најголемиот политички предизвик за Рама откако го освои четвртиот мандат. Албанија, заедно со Црна Гора, е меѓу најнапредните земји во процесот на пристапување кон ЕУ, а Тирана има амбиција да стане членка во 2028 година.

Рама ги отфрли и обвинувањата дека неговата влада не презема доволно мерки против корупцијата.

– Мора да се води борба против корупцијата, а како што неодамна потврди и самата ЕУ, Албанија се бори против неа поенергично од кога било досега – изјави албанскиот премиер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖