Тим од Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“ и од Институтот за здравствена заштита на мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ успешно имплантираше механичка циркулаторна поддршка кај тринаесетгодишен пациент од Сараево.
Лекарите истакнуваат дека станува збор за исклучително сложена процедура што претставува мост до трансплантација на срце и нов чекор напред во детската кардиохирургија во Србија, јави РТС.
Тринаесетгодишното момче, на кое му беше вградено вештачко срце поради сериозно срцево заболување, се опоравува добро, а лекарите велат дека таа интервенција му го продолжила животот и му дала можност да чека на трансплантацијата на срце, која му е потребна.
Според кардиохирургот д-р Саша Боровиќ, такви процедури изведуваат само ретки центри во светот.
– Успешно вградивме вештачко срце кај 13-годишно дете. Малку се центрите во светот што го прават ова. Се осмеливме да ги поместиме границите на медицината во оваа институција и благодарение на нашата заедничка работа и искуство, успеавме да го постигнеме тоа – рече Боровиќ.
Тој истакна дека, според возраста на пациентот, ова е една од најретките процедури од ваков вид.
– Според возраста на детето, ова е трет ваков случај во светот. Двајца помали пациенти беа оперирани во САД, во врвни центри, а третиот сега е опериран во Србија – рече Боровиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
