Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најавуваат синоптичарите. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура е во интервал од 12 до 21 степен, а максималната се очекува да достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според најавата од УХМР, до понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде денеска и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Најтопол ден се очекува да биде недела, кога дневните температури низ целата земја ќе бидат над 30 степени Целзиусови, додека во некои региони може да се приближат до 40 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Tagged as:
од вторник дожд Термометрите викендов ќе се доближат до 40 степени
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
