Тенискиот ас си ја отвори душата во врска со турнирот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ немаше најдобар старт на годината, кој изненадувачки беше поразен од Рајли Опелка во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн, но сепак е еден од главните фаворити за победа на Австралија опен.

Турнирот во Мелбурн му е омилен, таму дури по 11-ти пат ја освои шампионската титула, без разлика што со него се поврзуваат некои од најнемилите настани во кариерата.

Токму за ова зборуваше тенисерот во интервју за локалните медиуми и откри дека сè уште се сеќава на тортурата што ја доживеал при влегувањето во Австралија во 2022 година за време на пандемијата на коронавирус, кога беше приведен, а потоа депортиран од оваа земја.

– Нема да ве лажам, сè уште сум трауматизиран од сè што ми се случи. Кога ќе поминам низ пасошка контрола на аеродромот во Мелбурн, сето тоа ми се враќа и не ми е удобно. Тоа беше многу лошо искуство за мене. Јас не сум некој што ќе покажува со прст кон некого и ќе го обвини за тоа што ми се случи. Не, сето тоа го оставив на страна, но само велам дека не ми е удобно кога поминувам низ тие места, ми поминува низ глава дека повторно ќе дојде некој да ме спречи да влезам. Јас и моето семејство после тоа се вративме во Австралија, освоив нова титула во Мелбурн и можам да играм на овој турнир – изјави Ѓоковиќ.

Share This Article