Background

Температурите се искачуваат до 40 степени, Франција и Холандија воведуваат вонредни мерки

Нов силен топлотен бран ја зафати Западна Европа, а Франција и Холандија воведоа посебни мерки поради екстремно високите температури, кои во делови од регионот за време на викендот ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови.

Најкритична е состојбата во Франција, каде националната метеоролошка служба прогласи црвено ниво на тревога во 24 департмани, меѓу кои и целиот регион Ил-де-Франс, каде се наоѓа Париз.

Франција со највисок степен на тревога

- Advertisement -
Ad image

Ова е трет топлотен бран што ја погодува Франција од мај годинава, а највисокиот степен на подготвеност е активиран во северозападниот дел од земјата.

Француските власти предупредуваат дека екстремните температури претставуваат сериозен ризик дури и за здрави лица, особено за работниците кои работат на отворено и за спортистите изложени на директно сонце.

Покрај тоа, Владата за првпат го активираше националниот план за вонредни ситуации „Орсек – екстремни горештини“ во девет западни департмани, а предупредува и на зголемена опасност од шумски пожари.

Холандија активираше национален план за горештини

И Холандија се подготвува за новиот топлотен бран. Во делови од земјата температурите ќе достигнат до 34 степени, поради што е активиран националниот план за високи температури и издадено е жолто предупредување.

Најтопло се очекува да биде во провинциите Лимбург, Северен Брабант и Зеланд-Фландрија, додека во централните и јужните делови на земјата температурата ќе се движи меѓу 30 и 33 степени.

Работниците бараат подобра заштита

Холандскиот синдикат ЦНВ предупреди дека голем број работни места не се приспособени на сè почестите екстремни горештини.

Анкета спроведена меѓу 1.500 работници во градежништвото, индустријата и здравството покажала дека повеќе од половина од нив работат физички тешки работи за време на топлотни бранови, додека 56 проценти сметаат дека високите температури создаваат небезбедни услови за работа.

Синдикатот бара воведување задолжителни мерки, меѓу кои се прилагодено работно време, дополнителни паузи, разладување на работните простории и прекин на работата кога температурите ќе станат опасни.

Над 2.000 дополнителни смртни случаи во Франција

Француските власти соопштија дека од почетокот на топлотниот бран на 19 јуни досега се регистрирани 131 случај на давење.

Министерката за здравство претходно информираше дека за време на јунскиот топлотен бран биле забележани 2.025 дополнителни смртни случаи, најмногу кај лица постари од 45 години.

Метеоролозите предупредуваат дека ваквите екстремни топлотни бранови стануваат сè почести и поинтензивни, а главната причина ја гледаат во климатските промени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation