Телата на пет новороденчиња биле пронајдени денеска во семејниот дом на брачен пар во Оранж, на југот на Франција.
Според извор близок до истрагата, полицијата ги пронашла посмртните останки на бебињата во картонски кутии. Страшното откритие било направено само еден ден откако жената родила здраво бебе, објавува францускиот весник „Le Parisien“.
Според истиот извор, жената, родена во 1994 година, синоќа го родила своето трето живородено дете. Станувало збор за уште една бременост што, наводно, ја криела, а нејзиниот сопруг во моментот на породувањето не бил дома.
Бидејќи претходно се расправале околу содржината на неколку кутии во куќата, сопругот решил да ги отвори. Во една од нив пронашол тело во распаѓање.
Тој ја однел кесата со пронајдените останки во болница, по што медицинскиот персонал веднаш ги известил надлежните органи. Криминалистичката полиција од Авињон го презела случајот и извршила претрес во семејниот дом, каде што биле пронајдени уште неколку човечки останки, за кои истражителите се сомневаат дека се од новороденчиња или фетуси. Тие биле складирани во пластични кеси, сместени во картонски кутии.
Брачниот пар има две деца на возраст од осум и 12 години. Мажот е вработен, додека жената е домаќинка. Соседите и познаниците ги опишуваат како мирно семејство, без претходни проблеми или инциденти.
Обвинителството во Карпентрас засега не се огласи со официјални информации за случајот.
Жената сѐ уште се наоѓа на болничко лекување и не е официјално приведена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
