Една реченица со порака за благодарност за работен ангажман откри колку може да заработи некој ангажиран на турнејата на мегаѕвездата Тејлор Свифт.
На „Икс“ се појави фотографија од писмо кое пејачката му го испратила на вработен со име Роберт во февруари 2024 година, со бонус од дури 100.000 долари.
„Роберт, ти благодарам за одличната работа на турнејата во Америка, заслужениот бонус е 100.000 долари. Со љубов, Тејлор“, се наведува во писмото напишано на картичка со цветен дизајн.